Таравари: Само СДСМ не покажа никаква флексибилност на лидерската средба, Заев побара избори на 21 јуни по секоја цена

137

На лидерската средба вчера, само СДСМ беше таа која не покажа никаква флексибилност во однос на поместувањето на датумот за избори. Предлогот на Зоран Заев беше избори да има на 21 луни по секоја цена, рече Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари за вчерашната лидерска средба која што се одржа кај претседателот на државата, Стево Пендаровски а на која лидерска не се донесе одлула за датум за одржување на парламентарните избори.

Таравари, во дебатната емисија “Програма 200“ на Алсат телевизија додаде дека тие, како партија, побарале мислење од Државната изборна комисија од која едногласно им одговориле дека за да можат тие да организираат избори, потребни им се минимум 32,33 дена.

Имајќи во предвид дека од трите писма што ни стигнале од три институции од кои побаравме помош, едното беше од ДИК, каде што беа едногласни потпишани сите членови на Државната изборна комисија дека минимум му требаат 32 или 33 дена, а максимум 50 дена, истакна Таравари.

Тој додаде дека ако вонредната состојба завршува на 30 јуни, тогаш првиот датум на кој ДИК може да ги организира изботите се 5 јули, а во никој случај не може да се постигне според барањето на Заев изборите да бидат 14 или 21 јуни.

Значи ако вонредната состојба завршува на 30 мај, од први јуни, минимумот од 33 дена е 3 јули, значи 5 јули е недела. Тоа е првиот ден што трите институции можат да организираат избори, зборувам за ОБСЕ, ДИК и Комисијата за заразни болести. Значи 5 јули е минимумот, иако Заев може да каже сакам да одиме на избори на 11 јуни, но едноставно е невозможно затоа што едната институција каде и СДСМ има делегати, и тие велат дека на нив им требаат минимум 33 дена, констатираше Арбен Таравари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.