Таравари: Скандалозна одлуката за централизираните лаборатории

Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари регираше на проектот за централизирање на медицинските лаборатории, кој вчера го промовираше неговиот наследник, Венко Филипче. Тој за телевизија „21“ рече дека Македонија не е подготвена и нема лаборатории, кои би можеле да се соочат со големиот наплив на анализи.

На пример во Полошкиот регион има само во Тетово. Сите граѓани од општините од Полошкиот регион, крвта што се собира во државните болници, треба да се испрати во Тетово и таму ќе се соберат многу резултати, од сите центри, од сите матични лекари. Навистина ќе настане хаос, вели Таравари.

Според Таравари, Филиче за шест месеци ќе се повлече од овој план.

Да кажеш дека во Македонија ќе се централизира контролата на лабораториите во 8 центри, е бесмислено. Мислам дека е скандал, ова да го каже еден министер за здравство. Како и да е, се надевам дека ќе го сменат ставот и ќе се повлечат од ова. Не знам земја во светот, нека ми каже една земја во светот каде има централизирани лаборатории, порача Таравари.