Таравари: Со вакви бројки, уште во јануари ќе стекнеме колективен имунитет

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар во гостување на ТВ24 рече дека во Гостивар состојбата е со 500 активни и 70 смртни случаи и без слободни места во инфективното одделение. Тој исто така додаде дека се подготвуваат капацитетот во општата болница и дека има недостаток на маски и хигиенски материјал.

– Немаме волшебно стапче со кое може да се стопира овој број. По вакви бројки се добива впечаток дека некаков колективен имунитет ќе се добие до крајот на јануари. Бројот на починати е голем и треба да се внимава – рече Таравари.

Таравари потенцираше дека освен пациентите заразени со ковид-19, има и други пациенти кои немаат каде да се третираат. Според, него кризната состојба требало порано да се донесе, а како што додаде, со ваквите бројки треба сериозно да се размисли за полициски час.