Таравари учествува на 74. регионален состанок на СЗО во Копенхаген

Денеска, министерот за здравство, Арбен Таравари, учествува на свеченото отворање на 74-от регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО).

Овој важен настан е посветен на заедничките напори за подобрување на јавното здравје и развој на здравствените системи во регионот.

Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи и стратешки решенија за предизвиците во здравствениот сектор.

Учеството на министерот Таравари ја потврдува посветеноста на Северна Македонија да учествува активно во глобалниот дијалог за напредок на јавното здравје и справување со актуелните предизвици во здравствениот сектор.