Таравари: Управниот суд пресуди во наша корист

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на својот профил на Фејсбук соопшти дека Управниот суд донел одлука во корист на општината и прифатена е тужбата против одземањето на ингеренциите да се назначуваат директори во училиштата од страна на Министерството за образование предводено од министерот Арбер Адеми.

Во последните две години се јави голема нетрпеливост помеѓу генералниот секретар на опозициската Алијансата на Албанците и министерот за образование кој доаѓа од редовите на ДУИ. Таравари побара од Адеми да му се извини на цел Гостивар. Таравари зајадливо го именува Адеми – чесен доцент, по аферата со стекнатото звање за време додека министерува.

Во одлуката на Управниот суд се вели дека е прифатена тужбата на општина Гостивар против решението на министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Во официјалната одлука понатаму се вели дека одлуката на министерот Адеми е поништена.

„Според управниот суд, министерот за„ надлежности “ и „ доктор на правни науки “нема право да презема надлежности во образованието во општина Гостивар. Чесниот „доцент“ ги враќа своите овластувања, да се извини јавно, не на мене, туку на учениците и наставниците во Гостивар кои ги мачеше веќе 2 години! Правдата излезе на виделина! “,напишаТаравари.