Таравари: Во Влада со ДУИ само ако Насер Зибери е мандатар

152

Би влегле во Влада со ДУИ само доколку мандатар биде Насер Зибер, истакна за Телма, Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците.

– Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ – вели Таравари за Телма.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, пак, вчера во интервју за Канал 5 рече дека нема да бидат дел од Влада во која е и ДУИ, но исто така потенцираше дека не може да влезат во преговори без нивниот коалициски партнер Алијанса за Албанците.

– На изборите имаше два концепта. Првиот беше за премиер Албанец, а вториот беше – држава за сите. Ние направивме програма, излеговме пред граѓаните со нашата понуда. Кажавме дека тоа е маркетиншки трик и дека тоа е неизводливо сега во моментов и не само што не е изводливо, туку и не е некој голем интерес на Албанците – рече Гаши.

Инаку, Алтернатива и Алијансата за Албанците настапија заедно на последните парламентарни избори и освоија 12 пратенички места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.