Таравари ѝ забележува на Владата за доцнење на мерките против коронавирусот

Градоначалникот на Општина Гостивар, поранешен министер за здравство, др. Арбен Таравари, во своето гостување во Телевизија 24 во средата зборуваше за епидемијата од коронавирусот и за мерките кои се преземаате, за кои смета дека се донесени со задоцнување.

„Мерката да учениците не одат во училиште мислам дека требаше многу порано да спроведе односно неколку дена порано. Најголемата грешка од државната стратегија што ја прават беше грешката кога ни доаѓаа масовно луѓе од надвор, а не успееја да ги контролираат каде се движат, дали седат дома. Повеќето од нив не ги почитуваа тие денови за карантин, да се самоизолираат и така почна болеста да метастазира низ сите градови“, рече Таравари

Како здравствен работник, Таравари посочи и дека не се прават доволно тетстови и дека има чувство како владата да не брза и да не инсистира многу со тетстирање за корона вирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.