Тарчуловски: Kако може Заев да амнестира кога нели независно е судството

Како може Заев да нуди амнестија за обвинети лица, а при тоа да тврди дека судството е независно, вели пратеникот Јохан Тарчуловски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој е обвинет за учество во настаните од 27 април.

Рече  дека во партијата ќе има консултации по однос на говорот на Заев каде тој понуди простување за настаните од упадот во Собранието.

Како може во име на судството тој да нуди амнестија, кога нели е независно. Тоа се пусти желби на Заев за уставни измени. Ниту можам став сега да дадам, ниту можам да коментирам затоа што сум засегнат со обвинението, рече Тарчуловски за Фокус..