Тасева признава: Не сум омилена на власта бидејќи корупцијата е врзана со нив

34

Тоа е реалноста, навистина е тоа така. За тоа што по дефиниција корупцијата е врзана за власта, оние кои што се на власт се повеќе во можност да корумпираат и да бидат корумпирани“, истакна Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во емисијата „Само Вистина“ говорејќи дека не ја сака многу власта нејзе и не им е омилена.

Тасева додаде дека имале состанок со Љупчо Николовски со кој говореле за перцепција на корупцијата во Македонија, и што треба да се преземе да се подобри местото во Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“.

„Состојбата не треба да се гледа со одбивање, туку треба да седнеме и да ги проучиме индексите, она што е користено за создавање на тој композитен индекс, за да можеме да размислиме кој би бил најсоодветниот одговор за да се надмине проблемот со корупцијата“, рече Тасева.

Тасева посочи дека не треба да се бега од реалноста бидејќи е очигледен трендот на постојано одење надолу на индексот за перцепција на корупцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.