Тасева: Власта не презема ништо конкретно за справување со корупцијата

Слаѓана Тасева претседателот на ,,Транспаренси Интернешнл Македонија’’ во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија истакна дека владата на СДСМ не направи ниту еден конкретен чекор за спречување и справување со корупција во државата.

Според Тасева владата проблемот со корупцијата се одлага за некое друго време за некое подобро време.

Напомена дека годинава според рангирањето на Транспаренси Интернешнл минатата година Македонија падна за 17 места според индексот за перцепција на корупција односно од 90 на катастрофално 107 место. Тасева напоменува дека Македонија никогаш не била толку лошо рангирана.

Власта не презема ништо конкретно за справување со корупцијата, а уште повеќе мислам дека проблемот со заробената држава остана и оваа власт не се справува со сите оние кои што ја држат заробена државата и во рамките на администрацијата и во рамки на судството и она што е најтешко за нас за сите и за економијата е заробеноста на финансискиот и банкарскиот сектор. Сеуште се постапува врз основа на интереси дали се тоа лични или политички, а не на основа на јавниот интерес, вели таа.

Тасева како клучен проблем го детектира и неработењето на Државната комисија за спречување корупција.

Говорејќи за неработењето на анти корупциска таа потенцира дека ,,тоа не е добро за граѓаните и мислам дека се направи намерно за да не е добро за граѓаните”.

Невладината организација со која претседавата Тасева ,,Транспаренси Интернешнл Македонија’’ има поднесено повеќе претставки до комисијата за кои очекува став како на пример за  судирот на интереси во ОЈО и според неа намерно се направила целата состојба членовите на комисијата да си дадат оставки пред да го изнесат ставот за судирот на интереси за кои што слушнавме дека бил изграден од страна на анти коурпциска.