Тасевски до СДСМ: Ве лаже умот дека ќе победите, откако ја загубивте довербата кај неопределените

Заев на Мицковски: Ќе ве победиме со 50 до 100 илјади гласови!!!!
Мало сутра!!!, пишува на Фејсбук актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски.

Да тргне Бранко во кампањава, можеби и ќе победите, ама вака…
Ве лаже умот.
Вмровците колку и да се раскарани меѓу себе се дисциплинирани и лојални на партијата кога треба да се победи СДСМ во клучни моменти.
А СДСМ нема победено на парламентарни дваесет години. Онака на терен.
Ако не победија во 2016 на терен со сета поддршка што ја имаа од неопределените гласачи, како планираат денес да победат кога неопределените нејќат да чујат за нив, а не па да излезат да ги гласаат. Дури многу од нив од инает ќе гласаат за ВМРО, како што секогаш се случува кога тие се незадоволни од актуелната власт. Се гласа за опозицијата. Така ќе биде и сега.
Затоа оние бројки на Заев за сигурна победа на СДСМ, се чиста детска вообразба. Предизборно фантазирање.
И штата е што така си го лажете членството, затоа што потоа траумата од изборните резултати повеќе ќе боли, пишува Тасевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.