Татко фрлил бебе старо 15 дена од прозор

Бебе старо 15 дена трагично настрадало рано утрово кога таткото, кој има нервно растројство, го фрлил низ прозор во Белград.

Трагедијата се случила околу 5:28 минути на улицата Дринќиќ во Стариот град каде таткото го фрлил женското бебе ос третиот кат.

Како што објавува српски Курир, во станот се одвивала драма и биле потребни неколку полициски патроли да го совладаат мажот пред тој да биде пренесен во психијатриска болница.

„Повикот до лекарската екипа стигна утрово околу 5:28 минути дека татко фрлил женско новороденче старо само 15 дена од прозор од третиот кат на зградата. Лекарската екипа кога пристигнала на местото можела да констатира само смрт кај девојчето во 5:55 часот. Мажот кој е на возраст меѓу 35 и 36 години со полициско обезбедување е префрлен во Психијатриската болница во Белград“, вели д-р Нада Мацура, портпарол на белградската Брза помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.