Татко го бара синот кој бил во автобусот, но сега го нема на ниеден список

Tатко веќе повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот којшто излета од патот и се преврте кај селото Ласкарци, пренесе ТВ21.

Таткото на Седат  бил во сите болници, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација.

Вели дека син му не е на имињата меѓу загинатите, но во ниту една болница не може да го пронајде и нема информација што се случува со него.

Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.