Татко го уби својот болен син, а потоа се самоуби

Владан Ѓурѓевиќ (61) од селото Белјина кај Бараево пукал и го убил неговиот единствен син Драган (25), а потоа се самоубил. Владан најавил дека баш на празникот Младенци ќе ги прекрати своите маки!

Вчера, Драгољуб Ѓурѓевиќ, таткото на Владан, кој живеел со нив во куќата, прв забележал дека се случила трагедија. Потоа Драгољуб го повикал својот втор син Миодраг, кој живее во соседството, а тој веднаш повикал полиција и брза помош.

Околу шест часот слушнав две истрели. Спиев во просторија спроти собата на Владан и Драган. Кога влегов, имав што да видам. Ги најдов телата на креветот, како и карабинот, раскажува Драгољуб во солзи и додава:

Мојот внук имаше здравствени проблеми од раѓање и не беше во можност да се грижи за себе. Владан и снаата се грижеа за него. Меѓутоа, пред неколку години, снаата нè напушти, па Владан продолжи да се грижи сам за својот син. Не беше лесно и стана уште потешко кога и Владан се разболе пред еден месец, од корона или кој знае што.

Несреќниот човек вели дека тие побарале помош, но дека никој не можел да им помогне. Не можевме да го сместиме Драган во болница и никој не сакаше да дојде и да се грижи за него од страв од овој вирус, вели Драгољуб, кој ги загуби синот и внукот, и додава дека знаел колку му е тешко на Владан, и дека сигурно маките го натераа на овој чекор.

Ми рече дека ќе стави крај на сè, затоа што не можеше повеќе. Владан беше болен и пиеше многу лекови. Тој најавуваше нешто вакво. Пред еден месец, тој ми рече дека до 12 часот на празникот Младенци ќе му пресуди на Драган и на самиот себе. Не знаев дека ја има таа пушка. Тој беше во војната, можеби карабинот го донесе од таму, вели Драгољуб. Инаку, во оваа семејство никогаш немало пријава за насилство.

Братот на Владан, Миодраг, за српски Курир вели дека Владан немал други проблеми, освен обврските околу неговиот син кој имал пречки во развојот. Тие добија социјална помош, но на Владан му требаше помош од секаков вид, бидејќи Драган не можеше да стори ништо сам. Тоа значеше дека некој да се грижи за него дење и ноќе. Брат ми често се жалеше дека не може повеќе да издржи. Му реков да го смести Драган во болница, каде што ќе се грижат за него 24 часа, но тоа не беше можно. Никој не го сакаше, вели Миодраг.