Татко и брат на убиени пакистански тинејџерки уапсени поради „убиство од чест“

Полицијата во северозападен Пакистан уапсила во понеделникот татко и брат на две тинејџерки кои се обиени поради семејна чест, откако на интернет се појавило видео во кое се бакнуваат со момче.

Таткото на едната и братот на другата жртва се упасени и ги признале убиствата, изјавил за медимите претставник на локалната полиција Мухамед Наваз.

Жртвите имале 16, односно 18 години. Третата девојка којашто се појавува во видеото сѐ уште е жива и е спасена, додал полицискиот функционер Мухамед Ибрахим, без да наведе каде се наоша таа поради безбедносни причини.

Се верува дека видеото објавено на социјалните мрежи е снимено во зафрлена област, е мотивот за убиствата во паштунската планиснка провинција Северен Вазиристан, којашто своевремено беше упориште на Ал Каеда.

Момчето од видеот е уапсено при бегство во северниот град Харипура. Неговиот помошник, кој наводно го снимал видеото и го споделил на социјалните мрежи, е уапсен во регионот на Јуќен Вазиристан, додал Ибрахим.

Илјадници жени секоја одина се жртви на ткн „убиство од чест“, според Комисијата за човекови права на Пакистан. Најблиските роднини ги убиваат женските членови на нивното семејство поради срамотење на семејниот углед. Претходната седмица владини службеници и активисти објавија дека е забележан значителен раст на бројот „убиства од чест“ во текот на крантинот наметнат поради пандемијата на коронавирусот.

Пакистан за 2019 година е рангиран на 164-то место од 167 земји, според индексот на родова нерамноправноста под мотото „Жени, мир и безбедност“, при што зад оваа земја се само Сирија, Авганистан и Јемен каде што се водат војни.