Татко и син обвинети за дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, кои како соизвршители го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а едниот од нив и кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Во планински предел кај мессноста Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, на 28-ми септември годинава овластени службени лица пронајдоа 65 стебла од растението кнабис сатива со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите.

При претресот, исто така, пронајдено е и оружје кое еден од осомничените неовластено го држел, и тоа 8 патрони од 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка „М-48“, како и ловечка пушка марка „црвена застава крагуевка“ со калибар 12 мм.

Заедно со обвинението јавениот обвинител до надлежниот суд достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата осомничени.​​