Татко и син загинаа во сообраќајна несреќа кај Страцин

Две лица го загубија животот, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 09.40 часот на патот Куманово – Крива Паланка, на место викано „Чешмиче“, пред селото Страцин.

Од МВР информираат дека сообраќајката се случила помеѓу „Фиат пунто“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(55) од с.Железница и „Фиат пунто“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола.

Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од с.Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ. починал, велат од полицијата.

Неофицијално, починатите лица се татко и син.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.