Татко му на Кољо: Каква порака испраќаме до младите ако пресудата за убиство е само три години затвор?

93

Граѓаните повторно излегоа на протест барајќи правда за убиството на 17-годишниот Никола Христовски – Кољо. Протестот го предводеше неговиот татко кој е незадоволен од пресудата, според која, убиецот доби 3-годишна затворска казна.

Тој за Сител вели и дека државата не смее да дозволи малолетници со себе да носат ладно оружје.

-Ова што се случи со мојот син да биде последно и малку државата да се запраша какви Закони носи. Сепак, сечило од 9 сантиметри и широчина околу 4-5 сантиметри предизвикува смрт. Тоа мора да запре. Мора тоа орудие да се забрани. Ако оваа пресуда е само три години, каква порака даваме на младите? Дека при секоја расправија можат да употребат оружје? Тоа е тажно,рече таткото.

Вели дека протестите ќе продолжат се додека правдата не биде задоволена.

Во меѓувреме се огласи и Јавното обвинителство од каде што велат дека убиецот А.Т. делото го сторил под силна афектна раздразливост и тој реагирал импулсивно.

рупа од повеќе лица, во која бил и оштетениот, го пресретнала обвинетиот во близина на една бензинска пумпа и започнале да го навредуваат и физички да го напаѓаат со влечење и удари по телото. Обвинетиот започнал да бега кон зградите, а групата од околу 30 лица трчале по него, извикувајќи навреди и пцовки. Кога се доближил до влезот на една зграда обвинетиот се обидел да влезе, но не успеал. Во тој момент, прв до него стигнал оштетениот Никола Христовски, па обвинетиот доведен во состојба на силна афективна раздразливост, реагирал импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Тој извадил нож со сечиво од 9 сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Оштетениот бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му бил извршен хируршки зафат, но починал како резултат на крваречки шок, велат од ОЈО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.