Татко му, роднините, менаџерите… сите лобираат Нејмар да се врати во Барса

125

Нејмар има огромна желба да се врати во Барселона. Според весникот „Ел Мундо“, бразилскиот фудбалер и неговите роднини имале пет обиди за контакт со претставници на каталонскиот клуб за играчот да се врати на Камп Ноу.

Таткото на Нејмар лично разговарал со претседателот на клубот, Хозе Марија Бартомеу. Тој на Бартомеу му порачал дека неговиот син е разочаран од престојот во Пари Сен Жермен и жали за неговиот чин.

Нејмар скандалозно ја напушти Барселона во летото 2017 година и премина во редовите на ПСЖ, откако францускиот клуб ја активираше откупната клаузула од неговиот договор и исплати 222 милиони евра за да го привлече Бразилецот.

Според статијата на „Ел Мундо“ Нејмар повеќе не верувал во спортскиот проект на Пари Сен Жермен.

За враќање на Нејмар во Барса се зборува уште откако тој го напушти Камп Ноу. 26-годишниот напаѓач го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, но барем за сега останува во ПСЖ.

Последниве денови претставници на Барселона оствариле разговори со луѓе од окружувањето на Нејмар. Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу, е подготвен да го врати Нејмар во Камп Ноу, нешто што го сакаат и неговите поранешни соиграчи.

Неофицијално, Нејмар би можел да се врати во Барселона за сума од 160 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.