20.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Татко, син и сосед загинале во силна експлозија во Словенија

Три лица загинаа во експлозија што се случила денеска околу 15:30 часот во Ланчово во општина Радовљица, во северозападна Словенија, а причината сè уште се испитува.

Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот веднаш го обезбедиле местото и исклучиле водата и струјата, иако експлозијата, што била многу силна, не предизвикала пожар.

Полицијата по првите истраги соопштила дека експлозијата најверојатно се случила во близина на шпорет на цврсто гориво, но точната причина сè уште не е позната.

Истрагата продолжува утре.

Луѓето кои го изнајмиле објектот, наводно загинале.

Локалните медиуми објавиле дека биле убиени 40-годишен маж и неговиот 20-годишен син, како и нивниот сосед, исто така 40-годишен маж.