Татко со автомобил си го прегази двегодишното дете

Двегодишно дете им подлегнало на тешките повреди коишто му биле нанесени во четвртокот вечерта, откако таткото при обид да го паркира автомобилот во дворот на семејната куќа во Сарај го прегазил.

На 25.06.2020 во 23,10 во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ било донесено повредено двегодишно дете од скопското село Сарај, кое, според пријавеното, било повредено така што додека неговиот татко Б.М(29) од с.Сарај се обидувал да го паркира возилото „мерцедес“ во дворот, движејќи се наназад без да го забележи го прегазил двегодишното дете.

Од доктор била констатирана смрт. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено за обдукција на Судска медицина.