Татко во Бихаќ си ги уби трите деца, па си го одзеде животот

Три деца ги убил во четвртокот нивниот татко во босанскохерцеговскиот град Бихаќ, а потоа извршил самоубиство, потврдиле за медиумите од локалната полиција.

Стравичноиот настан се одиграл во попладневните часови, во бихачката населба Мали Луг.

Началникот на полицијата на Унско-санската жупанија, Мујо Коричиќ, потврдил дека увидот е во тек,  појаснувајќи само дека полицаецот кој прв дошол на местот на оваа трагедија „затекнал стравичен призор“.

„Убиени се три деца, а таткото извршил самоубиство“, рекол Коричиќ за порталот Klix. Тој, исто така, учествува во увидот на местото на злосторството и најавил повеќе информации по завршувањето.

Според непотврдени информации сите три деца се малолетни, а по убиствата мажот си пресудил со бесење. Се нагаѓа дека можен мотив за грозоморниот чин бил фактот дека пред дваесетина дена нивниот 37-годишен татко го напуштила сопругата.