Таткото на Јане Ченто открива: Му нудеа лажно да сведочи, но тој не прифаќа спогодби кога се работи за Македнијаа

Му се случи истото што му се случи и на неговиот дедо, вели таткото на Јане Ченто еден од неправедно осудените во случајот за 27-ми април, Коле Спиркоски во денешното отворено студио на телевизија Алфа по повод пет години од настаните за 27-ми април во македонското собрание.

„Уште тогаш организираше да се сплоти македонскиот народ да живееме сите заедно, да одиме напред ако држава. Тој се бореше за тоа, а не се бореше за некој други идеали. Па се знаат идеалите на македонецот какви се, неговите гени се такви, растен е, живеел со тоа нешто, за доброто на сите граѓани на Македонија“, рече тој.

Спиркоски потенцираше дека Јане Ченто се соочувал со притисоци од страна на власта додека бил во притвор во затворот во Шутка, нагласувајќи дека Јане е тврдокорен Македонец и не прави никакви спогодби кога станува збор за Македонија.

„Кога беше во притвор во Шутка во ќелијата каде што бил од власта лица појдени кај него, Јане ти ќе зборуваш како ние што ќе ти кажеме и ќе бидеш ослободен од обвинение. Кога слушнал Јане тој е тврдокорен и не сака такви работи, со цело срце им рекол излегувајте надвор од ќелијата не сакам да ве гледам повеќе тука, јас не сакам никој да земам на душа да кажам дека нешто направил, а јас да кажам дека сторил. Не прифатил ништо и горд сум на него, вели таткото на Јане Ченто. Ова судство сега никогаш не било вакво порано. И нема да биде бидејќи ова е дното“, порача Спиркоски.