Таткото на Боки 13 даде исказ во Кривичен

Денеска во Кривичниот суд во Скопје се појави и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, кој беше повикан од претходно да даде исказ. Новоосомничените кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост за случајот „Рекет” вчера беа повикани денеска да се појават во Кривичниот суд во Скопје за да се произнесат пред судија на претходна постапка.

Поради тоа, Миле Јовановски денеска даде исказ пред судија на претходна постапка и потоа си замина дома.

Одлукаta за него од судија на претходна постапка се очекува да биде донесена подоцна.