Таткото на Боки 13 призна вина за нападот врз свештеникот

233

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски денеска во Кривичниот суд одговара за нападот врз свештеникот Виктор Стојчев. Јовановски пред судот призна дека е виновен.

„Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото“, рече Јовановски.

Свештеникот Стојчев, пак, соопшти дека има оштетно побарување. Обвинителката во завршните зборови побара Јовановски да биде казнет според законот.

Адвокатката на обвинетиот Јовановски рече на рочиштето дека Стојчев имал придонес кон инцидентот оти претходно го навредил синот на Јовановски. Таа истакна дека Јовановски е невработен, во лоша здравствена состојба, а првпат е во судир со законот.

Пресудата е на 18 ноември 2019 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.