Таткото на Микел киднапиран пред натпреварот на Нигерија со Аргентина

Капитенот на фудбалската репрезентација на Нигерија, Џон Оби Микел натпреварот на  одлуката против Аргентина го одиграл, иако знаел дека неговиот татко бил киднапиран и дека му се заканувале со смрт.

Микел за ЕСПН изјави дека киднаперите му се јавиле четири часа пред почетокот на натпреварот во Санкт Петербург и побарале 28.000 американски долари за безбедно враќање на неговиот татко Па Мишел Оби.

Бев збунет, не знаев што да  направам, но на крајот знаев дека не можат да ги изневерам 180 милиони наши фанови. Тие ми рекоа дека ќе го убијат татко ми ако се јавам во полиција. Не му реков ниту на селекторот  зашто не сакав да му го одвлекувам вниманието во пресрет на еден ваков важен натпревар. Сакав многу да го споделам тоа со него, но не можев, објасни Микел.

Нигерија на крајот загуби од Аргентина со 2:1 и заврши трета во групата „Д“ и не се пласираше во нокаут-фазата.

Веста за киднапирањето на таткото на Микел беше потврдена од страна на полицијата и конечно целата приказна имаше среќен крај.

Можеме да потврдиме дека веста за киднапирањето е точна и дека Па Мишел Оби и Ишаја Шон спасени, соопшти полицијата.

Интересно е како ова е вторпат таткото на Микел да е киднапиран. Првиот инцидент се случи во 2011 година, а киднаперите го ослободија по 10 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.