Таткото на Саздовски: Се надевам дека повисоките судови нема да ја намалат казната за убијците

По изрекувањето на пресудата со која Бесир Беља и Скендер Демири добија по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски, неговиот татко рече дека е задоволен од пресудата, со оглед на околностите, но изрази надеж дека повисоките судови нема да ја преиналат пресудата.

Според судот, двајцата добиле толкави казни бидејќи кога го убиле Саздовски биле помали од 21 година, што ги спасило од доживотен затвор.

Казната е таква колку што е предвидена според законот за извршителите на возраст до 20 години. За нас како родители и 1.000 години е мала казна, нема земски суд што би можел д определи вистинска казна за ова дело. Не можам да кажам дека не сум задоволен, пресудата покажа дека колку толку  правдата може да биде задоволена. Само може да се надевам дека некој повисок суд нема да ја преиначи пресудата. Можам да им порачам на родителите на Беља и Демири дека треба да кажат каде е Јетон Лужа оти сум сигурен дека знаат каде е за да и тој биде казнет, за да не дозволат само нивните деца да бидат казети за тоа што тројцата заедно го направиле, рече таткото на Саздовски.