Таткото на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Карлос Тевез, Хуан Алберт Кабрал, бил киднапиран, но по осум часа заложништво бил пуштен на слобода.
Аргентинските медиуми потврдија дека Кабрал бил пуштен на слобода бил платен побараниот откуп од од 36.000 евра, а киднаперите наводно не знаеле дека станува збор за таткото на познатиот напаѓач на Јувентус/ се работи за таткото на Тевез.
Кабрал бил киднапиран во вторникот во пет часот наутро, кога киднаперите го пресретнале неговиот автомобил, го извлекле од него и заминале во непознат правез.
Откако ја слушнал непријатната вест, Тевез веднаш заминал од Торино и се упатил кон Буенос Аирес.
Инаку Кабрал не е биолошки татко на аргентинскиот фудбалер, но тој е човек кој го израснал Тевез. Вистинскиот татко на напаѓачот, кој никогаш официјално не го признал татковството, е убиен пред пет години во една престрелка.