Тажна судбина: Близнаци починале во војна, по нив од тага и братот и таткото

Трагична е судбината на Нада од Краљево…Таа ги загубила својот сопруг и тројцата синови. Срѓан и Бобан кои биле близнаци починале пред 15 години во војната, а нивниот брат почина од тага по нив. Пред три години починал и нивниот татко Драгољуб, откако имал инфаркт.

Кутрата Нада секој ден го поминува гледајќи ги нивните фотографии и  милувајќи ги нивните лични предмети.

Близнаците Срѓан и Бобан загинале во април  1999- та година како припадници на југословенската војска бранејќи го Косово и Приштина. Двајцата починале на воена задача и тоа во рок од десет дена.

По трагедијата таткото Драгољуб, мајката Нада и синот Горан заминале во Краљево, каде имале друга куќа и решиле да живеат таму.

Но тагата за Срѓан и Бобан била толку голема што Горан не успеал да издржи. Срцето престанало да му работи од тага за неговите починати браќа. Пред три години истата судбина го снашла и таткото Драгољуб.

Нада раскажува колку се тешки ноќите во кои постојано има кошмари. Низ солзи вели дека некогаш има и убави сонови, кога разговара со нив исто како да се до неа. Нада е доказ за тоа колку навистина тешка може да биде човечката судбина од која бегање нема.