Тажна вест: Почина Синиша Михајловиќ

Синиша Михајловиќ починал во болница во Италија на 53-годишна возраст, објавија италијанските и српските медиуми.

Поранешниот успешен фудбалер, а во меѓувреме и долгогодишен тренер боледуваше од леукемија, а по неколку победи со болеста, денеска ја загубил најважната битка.

Михајловиќ ја започна кариерата во Бор, па преку Војводина стигна до Црвена Звезда со која стана европски и светски првак.

Потоа настапуваше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, а забележа и голем број настапи за националниот тим.

Михајловиќ ја започна тренерската кариера во 2008 година како предводник на Болоња, при што водеше голем број италијански клубови, меѓу кои и Милан. Последниот ангажман му беше во Болоња, екипата во која работеше и додека се бореше со болеста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.