11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Тажниот Тони Цетински се огласи со емотивна порака за Тоше!!

Ден пред годишнината од  трагичната смрт на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески , се огласи неговиот голем пријател и колега тажниот Тони Цетински.

Хрватскиот пејач уште еднаш покажа дека никогаш не го преболел заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.

Тони и Тоше имаа заедничка песна и беа одлични соработници. Сега Цетински се огласи со нова порака која предизвика многу солзи.

„13 долги години. Утре некаде во ова време не напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку и денеска ми недоставуваш и колку се уште ни е тешко што прерано си замина.Животот навистина не е фер. Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да плачам…..На пат секако и одвратно врне, но твојата насмевка е надеж. Ќе биде се добро додека те имаме тебе кој не чува со своето присуство, песни, и сите добри и племенити работи кои и ги остави на оваа планета. Ти си ангелот на добрината. Знам дека не чуваш како што и ти мора да знаеш дека си секогаш во нашите молитви. Те сака твојот брат“, напиша тажниот Тони Цетински.

Македонската музичка икона Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишна во Хрватска на автопатот Загреб – Липовац. 26 годишниот Тоше спиеше на совозачкото место во Туарегот кој удри во камион.