11.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Тејлор Свифт донира 50.000 долари на пет девојчиња, кои останале без татко и поради ковид

Тејлор Свифт и нејзината мајка Андреа донирале 50.000 долари на семејството кое го загубило таткото поради ковид.

Нејзината пријателка ја започнала кампањата GoFundMe за семејни донации, а целта била да соберат 50.000 долари. Тие биле прилично изненадени кога Андреа и Тејлор Свифт ја платиле целата сума, пишува BuzzFeed.

„Особено би сакала да им се заблагодарам на Андреја и Тејлор за нивната дарежливост“, рече Вики откако износот на донациите достигна скоро 400.000 американски долари. „Животот дефинитивно нема да биде ист без Теодис, но убедена сум секој ден дека можам да продолжам да ги воспитувам моите ќерки за да бидат сочувствителни и грижливи како сите вас.

Ова не е прв пат познатата пејачка да донира значителни суми. Минатата година таа и подари 30.000 долари на студентка која не можела да си ја плати школарината, а во 2015 година, исто така преку веб-страницата GoFundMe, му платила 50.000 долари на својот 11-годишен обожавател кој се борел со леукемија.