Тејлор Свифт мета на провалник во станот во Њујорк

Имотот на поп-пејачката и повеќекратната добитничка на Греми, Тејлор Свифт, повторно се најде на мета на разбојници…

Имено, полицијата во Њујорк го уапсила човекот кој се обидел да се прикраде во зградата на 31-годишната Свифт,  пишува „Page Six“.

52-годишнинот Хенкс Џонсон се обидел да се прикраде во зградата, но за среќа бил навреме забележан и полицијата набргу го уапсила.

Пејачката во 2018 година купила три стана во зградата, а имала и куќа во близина… Свифт потрошила вртоглави 47,7 милиони долари само на недвижнини во овој дел од градот…

Ова не е прв обид за упад во имотот на ѕвездата

Во 2018 година пејачката претрпела две кражби. Првата се случила во нејзината резиденција во Беверли Хилс. Разбојникот носел гумени ракавици и маска. Тој бил вооружен со нож, муниција и јаже.

Но, сепак, јавноста повеќе се сеќава на инцидентот што следеше веднаш по ова. Истата година, Роџер Алварадо провалил во станот на Тејлор во Њујорк, искршил еден прозорец и влегол внатре.

Кога влегол, тој решил да се истушира ​​и да легне во креветот на пејачката каде подоцна и бил пронајден од страна на полицијата која бргу интервенирала откако добила повик од еден сведок на настанот… За среќа Тејлор во тој момент не била дома.