Тејлор Свифт шести пат триумфираше на доделувањата на AMA

Поп пејачката Тејлор Свифт по шести пат во неделата беше прогласена за артистка на годинама, откако повторно триумфираше на доделувањето на американските музички награди American Music Awards 2020, кои се доделуваат врз основа на гласовите од публиката.

Иако церемонијата на доделувањето на награди беше одржана во живо во Лос Анџелес, Свифт на него учествуваше онлајн и во својата видеопорака им се заблагодари на сите обожаватели.

Покрај признанието за артистка на годинината, Свифт освои уште две награди, за најдобра женска поп/рок изведувачка и з најдобро видеот, за песната „Cardigan“ од албумот „Folklore“.

И канадските изведувачи, Џастин Бибер и The Weeknd, освоија по три признанија.

Бибер е прогласен за омилен машки поп/рок артист, а уште две награди освои за соработката на песната со кантри пејачите Dan+Shay. Во категоријата најдобар соул/аренби машки изведувач беше прогласен The Weeknd, како и за албумот „ After Hours“ и за нумерата „Heartless“.

Шоуто се состоеше од низа настапи во живо, како и од однапред снимени, а се одржа пред малкумина обожаватели кои одржуваат физичко растојание и носеа маски.

„Ова беше една долга годиниа и сега, кога се ближи нејзиниот крај, време е повторно да се потсетиме дека сме една земја и дека мораме да ја излекуваме“, политизираше водителката Тараџи Пенда Хенсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.