„Те сакам Лејкерс, останувам тука“, а потпиша за Филаделфија

99

Некогаш еден од најдобрите центри во НБА-лигата, Двајт Хауард ја шокираше јавноста во текот на првиот ден од преодниот рок во најсилното клупско кошаркарско натпреварување. Тој години наназад имаше проблем да добие договор, а таков беше случајот и овој пат.

Хауард минатата година играше за Лос Анџелес Лејкерс за минималец во НБА-лигата, а се очекуваше да ја продолжи соработката со нив, пред се затоа што самиот тоа го велеше.

  • Останувам таму каде што припаѓам. Фанови, ве сакам сите. Виолетовата и златната боја никогаш нема да ми се здосадат, напиша Хауард на „Твитер“, а само еден час подоцна ја избриша објавата, бидејќи потпиша за Филаделфија.

Со ваквиот расплет на настаните, љубителите на НБА останаа во шок, но малку подоцна, сè беше разјаснето, до одреден степен.

„Јаху“ наведе дека Лејкерси го збуниле некогаш најдобриот дефанзивец во лигата, кој сметаше дека ќе добие официјална понуда од три милиони долари годишно. Сепак, на крајот не дојде до никаква понуда, па Хауард реши да си замине.

Управата на Лејкерс за време на објавувањето на „твитот“ изјави дека мора да се консултира со управата дали понудата ќе стане официјална, а по еден час никој не контактирал со агентот на Двајт, по што искусниот центар си ги спакувал куферите.

Филаделфија агресивно се обидуваше да го убеди Хауард и на крајот успеа во намерата, па искусниот центар реши веднаш да ја прифати понудата на тимот од Истокот.

За тоа придонесе и новиот генерален директор на Филаделфија, Дарил Мори, како и Џоел Ембид, кому Хауард ќе му биде резерва во новиот тим.

Триесет и четиригодишниот осумкратен НБА Ол-стар играч следната година ќе заработи 2.6 милиони долари во Филаделфија, нешто помалку заработката која ја имаше во Лејкерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.