ТЕ-ТО: Продажба на струја под производната цена ќе значи работа со загуба

Согласно постоечкиот договор за набавка на природен гас кој ТЕ-ТО АД Скопје го има со важност до 31.01.2022 година, производната цена на електричната енергија од неговата постројка, со вклучен трошок за произведена, но ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 EUR/MWh без вклучен ДДВ, соопштија од ТЕ-ТО АД Скопје, велат од компанијата.

„Во случај на наплата на топлинската енергија, производната цена на електричната енергија од ТЕ-ТО АД Скопје изнесува 251 EUR/MWh без вклучен ДДВ. Продажба на електрична енергија под производната цена означува работење во загуба на ТЕ-ТО АД Скопје.

Притоа, напоменуваме дека испораката на топлинска енергија од ТЕ-ТО АД Скопје само делумно го решава проблемот на БЕГ АД Скопје. За комплетно решавање на проблемот е неопходно дополнително финансирање на БЕГ АД Скопје“, се наведува во соопштението од компанијата.