Театар Комедија слави две години

Најмладата театарска институција – Театар Комедија утре го слави својот втор роденден. До сега се одиграни над 130 претстави, а претставите ги посетиле над 35.000 гледачи. На денот на вториот роденден на театарот, што воедно е и светски ден на театарот, Театар Комедија ги отвора вратите за својата публика. Вечерта на репертоарот е „Хамлет во пикантен сос“.

Театар Комедија во овие две години оствари многубројни гостувања, а на МТФ Војдан Чернодрински во Прилеп освои три награди, за најдобар млад актер, за костими и музика, и со тоа стана најнаграден театар на фестивалот за 2013 година.До сега има гостувано на Битфест, на фестивалот на комедија во Кумановоо, а и имаше своја фестивалска премиера на фестивалот Охридско лето.

Театар Комедија имаше и две меѓународни гостувања на кои се закити со престижни награди.

Во текот на 2013 год. Театар Комедија во соработка со Општина Аеродром органзираше Театарско Културно Лето – АЕРОДРОМ СЕ СМЕЕ кој оваа година ќе прерасне во фестивал на комедија „Гола Месечина“ финансиран од Општина Аеродром и помогнат од министерство за култура на Република Македонија и бизнис секторот.