Тече рокот за приговори за резултатите од изборите

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на синоќешната јавна седница на Комисијата на која беа соопштени официјалните неконечни резултати од предвремените парламентарни избори изјави дека со вечерашното усвојување на заклучокот за конечните изборни резултати, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив, како што додаде, ДИК треба да одговори во рок од 72 часа.

Владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освои најмногу гласови и 46 места. Дерковски рече дека СДСМ врз основа на записникот од општинските изборни комисии, освои 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места. Демократска унија за интеграција (ДУИ) освои 104.587 гласови и 15 места, коалицијата Алијансата за Албанците – Алтернативна 81.229 гласови и 12 места, Левица 37.551 глас и две пратенички места, а Демократската партија на Албанците (ДПА) 13.891 гласови и еден мандат во парламентот.