Тедрос ги оцени изјавите на Помпео за СЗО за „лажни и неприфатливи“

Изјавите на американскиот држевен секретар Мајк Помпео, кој го обвини челникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) Тедрос Аданом Гебрејесус дека „го купила“ Кина, се „лажни и непрофалтиви“, изјави во четвртокто челникот на организацијата.

„Тие коментари се невистините, неприфатливи и неосновани“, изјави Тедрс на прес-конференција и поворни предупреди на политизирањето на пандемијата на коронавирусот.

Според пишувањата на британските весници The Times The Daily Telegraph, американскиот државен секретар во вторникот во Лондон пред одреден круг британски парламентарци на средба затворена за јавноста, остро ја нападнал СЗО. Помпео ја нарекол СЗО политичка организација и го обвини Тедрос дека го „купила кинеската влада“ на којашто ѝ го должи избориот во 2017 година на чело на СЗО.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот СЗО редовно е на удар на критиките од Вашингтон поради задоцнета реакција. САД ја нападнаа организацијата дека го штити Пекинг кој ги криел информациите за епидемијата кога таа се појави кон крајот на ланскиот декември во градот Вухан и ја нарекоа „кинеска марионета“.

САД и официјално на 8-ми јули ја покренаа процедурата за повлекување од организацијата, остварувајќи ја заканата на претседателот Доналд Трамп од мај.

Повикувајќи се на солидарноста меѓу државите и челниците соочени со пандемијата којашто зафати повеќе од 15 милиони лица во светот и однесе повеќе од 620.000 човечки животи, Тедрос, исто така, повика на носење „добри одлуки“.

„Нема да се вратиме на старото нормално. Пандемијата веќе ги промени нашите животи и ги молам сите да размислат за тоа каде се, што работат и со кого се состануиваат, бидејќи тоа се одлуки на живот и смрт“, рече Тедрос во порака којашто инаку ширум светот се толкува како силно идеолошки обоена која потекнува од одредени елитистички политички кругови.