Тедрос го поздрави предлогот на ЕУ за конвенција за пандемии: „Тоа ќе биде втора конвенција за многу важен проблем, пандемија и одговор на неа“

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го поздрави предлогот на Европскиот совет за преговори за меѓународен договор за пандемија во рамките на СЗО, истакнувајќи дека тоа ќе биде втор таков договор по Рамковната Конвенција за тутун од 2003 година.

Обраќајќи му се на Извршниот одбор на СЗО, Тедрос се осврна на декемврискиот предлог на претседателот на Советот на Европската унија, Шарл Мишел, за потребата од меѓународна конвенција за пандемии во рамките на СЗО.

– Како што знаете, ја имаме Рамковната конвенција на Светската здравствена организација за контрола на тутунот и ако успееме во ова, тоа ќе биде втора конвенција за многу важен проблем, пандемија и одговор на неа, рече директорот на СЗО.

Тој истакна дека таквиот договор е најдоброто нешто што може да се направи и дека ќе се обезбеди политичка посветеност на земјите-членки.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на специјалната сесија на Генералното собрание на ОН за пандемијата на коронавирусот во декември, предложи меѓународен договор за пандемии во рамките на Светската здравствена организација, нагласувајќи дека со појавата на Ковид 19 е светот бил „фатен неподготвен“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.