Тегнел: Необичниот пристап на Шведска почна да дава резултати

Необичниот пристап на Шведска против новиот коронавирус почнува да дава резултати, изјави шведскиот главен епидемиолог Андерс Тегнел.

Тој наведе дека според најновите податоци стапката на заразени и на смртност укажуваат дека почнува да се стабилизира ситуацијата.

Шведска не ги затвори училиштата, вежбалниците, кафулињата, баровите и рестораните за време на ширењеерто на епидемијата. Наместо тоа Владата апелираше до граѓаните да се однесуваат одговорно и да ги следат упатствата за физичко дистанцирање.

Шведските здраствени власти оценуваат дека имаат повеќе имуни лица и оти тоа има влијание врз ширење на вирусот, со што би се стекнал колективен имунитет до јуни.

Во Шведска досега се пријавени 14.385 инфицирани со Ковид-19, од кои 1.540 смртни случаи и 550 оздравени луѓе.

Тоа е многу повеќе од другите скандинавски држави, но многу помалку од Италија, Шпанија и Велика Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.