Техеран и Москва го предупредуваат Вашингтон

117

Иран во петокот ги предупреди САД дека ќе се брани од евентуален воен напад, а Москва го обвини Вашингтон дека ја доведува ситуацијата до работ на војна, откако весникот The New York Times објави дека американскиот претседател Доналд Трамп прво одобрил напад врз ирански цени, а потоа во последен помент ја повлекол одлуката за одмазнички чекор по иранското соборување на американско беспилотно летало.

Иран тврди дека беспилотното летало за надзор од типот „Global Hawk“ кое било во шпионска мисија било соборено во иранскиот воздушен простор, додека САД се упорни дека било во меѓународен воздушен простор, на околу 34 километри од најблиската иранска точка.

Американскиот претседател Донадл Трамп во четвртокот изјави дека уривањето било „голема грешка“ на иранските власти и оти среќна околност е што леталото не било управувано од пилот, оти во спротивно одговорот на САД ќе бил поинаков. Меѓутоа, The New York Times објави дека Трамп потоа одобрил воени напади врз Иран, но оти се премислил кога авионите веќе полетале а бродовите биле поставени на позиции.

Според неименуваните извори на весникот, Трамп првично одобрил удари на мал број избрани цели, како што се радарски и ракетни системи. Нападот требало да биде изведен во петокот пред мугрите, за да се намали ризикот за иранската војска и за цивилите. Авионите биле веќе подигнати а бродовите на позициите, но ниедна ракета не е истрелана, бидејќи дојде команда за отповикување, рекол неименуван висок функционер на американската администрација. Засега не е јасно дали напад врз Иран, сепак, ќе се случи, а непознато е и што е причината за откажувањето на нападот.

Ирански извори потоа соопштија дека САД преку Оман му испратиле порака на Иран за можни напади и барале итен одговор на понудата на претседателот Трамп за преговори. Меѓутоа, Техеран одбил одговрајќи дека за тоа одлуката ќе ја донесе врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.

Иранското министерство за надворешни работи објави дека Техеран поседува „несобориви докази“ кои покажуваат дека леталото „Global Hawk“ било во иранскиот воздушен простор. Иранската државана телевизија во прилог на тоа објави снимки за кои се вели дека се остатоци од американскиот дрон.

Заменикот министер за надворешни работи Абас Арагчи потоа му пренел порака на Вашингтон преку иранскиот амбасадор во Швајцарија, која ги врши дипломатските работи меѓу двете земји кои не комуницираат преку свои дипломатски претставништа.

„Иран не сака војна“, изјави Арагчи. Меѓутоа, ги предупредува „американските сили да не преземаат никакви непромислени потези во регионот“ и додаде дека Иран ќе се брани „со сите средства против агресијата“, се наведува во писмената изјава на иранското министерство за надворешни работи.

Портпоролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот побара од сите страни да покажат воздражност и посочи дека Москва е загрижќена поради тензиите меѓу Вашингтон и Техеран. Пред него, заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ги повика САД да ги проценат можните последици од судирот со Иран и рече дека написот во NYT покажува дека ситуацијата е извонредно опасна.

Воздухопловните компании поради претпазливост од петокот го избегнуваат иранскиот воздушен простор. Американската управа за цивилно воздухопловство (FAA) во четвртокот вечерта издаде итен налог со кој им се забранува на американските компании летови на одредени делово од иранската територија поради зголемените тензии во регионот. Прво ваквата одлука ја донесе американската компанија „United Airlines“, а потоа во петокот ја следеа и холандски KLM, австралиски „Quantas“, германската „Lufthansa“ и британски „British Airways“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.