Техеран и Ријад ги обновуваат дипломатските врски

Иран и Саудиска Арабија, двете најголеми ривалски земји на Блискиот исток, воспоставуваат дипломатски врски по преговорите во Кина, се наведува во заедничкото соопштение коешто во петокот го објавија државните гласила на двете земји кои во 2016 година ги прекинаа дипломатските односи.

„Исламската Република Иран и Кралството Саудиска Арабија договорија во текот на преговорите повторно да воспостават дипломатски врски и да отворат амбасади и (дипломатски) претставништва најдоцна за два месеца“, го пренесе иранската новинска агенција Irna официјалното соопштение кое го објави и саудиската агенција SPA.

Сунитска Саудиска Арабија, каде што кралското семејство постепено ги ублажува политиките на своето вехабитско практикување на исламот, и шиитски Иран ги прекинаа дипломатските врски прес седум години, по нападот на демонстрантите врз саудиските дипломатски претставништва во Иран, како одмазда откако Ријад го погуби познатиот верски шиитски водач Нимр ал-Нимр.

Иран и Саудиска Арабија во заедничкото соопштение им се „заблагодаруваат на Република Ирак и на Султанатот Оман затоа што беа домаќини на преговорите на двете страни во 2021 и во 2022 година, како и на челниците и на владата на Народна Република Кина коишто ги организираа и поддржуваа преговорите во својата земја“.

Обновувањето на дипломатските земји врз двете влијателни земји во исламскиот свет на Блискиот исток доаѓа во моментот кога Ријад последниот период се оддалечува од тесната соработка со САД и склучувањето на повеќе договори со Кина. Се проценува дека Пекинг со посредништвото во договорите меѓу Иран и Саудиска Арабија го зголемува своето влијание и присуство во блискоисточниот регион.

Техеран и Ријад поддржуваат спротиставени страни во неколку  судири во регионот, во прв ред во Јемен. Иран има големо влијание во Ирак и Либан, а воено и политички го поддржува и сирискиот претседател Башар ал-Асад. Во минатото двете земји жестоко со конфронтираа и поради саудиската власт кон значајната шиитска заедница во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.