Техеран возврати на изјавата на Хук за иранските избори

САД немаат право да дискутираат за Иранците и изборите во Иран, изјави во четвртокот Абас Али Каџдаи, портпаролот на Советот за заштита на уставот.

Претходно во четвртокот специјалниот американски претставник за Иран, Брајан Хук, изјави дека претстојните ирански парламентарни избори се „претстава“, а реалните избори веќе се спроведени и тоа „тајно“.

Американскиот дипломат за таквата наводна ситуација со изборите во Иран, го обвини Советот за заштита на уставот, пет високо позиционирани ирански функционери кои американското министерство за финансии ги стави на листата санционирани лица. Според Хук, ова тело „му го ускратил на иранскиот народ пристапот до слободни и фер парламентарни избори“.

„Брајан Хук уште еднаш искажа зборови кои се достојни за американски режим – режим кој сѐ уште е во неизвесност во врска со изборите, чиишто злосторства, убиството на предводникот во борбата на тероризмот ги повредија чувствата на луѓето ширум свето“, напиша на Twitter Каџаи, алудирајќи на американскот убиство на влијателниот ирански командант Касем Сулејмани на 3-ти јануари во Багдад.

Каџаи, кој и самиот е под американски санкции, додава дека САД „немаат право да зборуваат за чесниот ирански народ“.

Истовремено уште еден член на Советот за заштита на уставот, Мохамад Јазди, исто така под санкции на Вашингтон, ја нарече изјавата на Хук „чест“, посочувајќи дека „ниту американските аналитичари, ноти нивните санкции не чинат ништо“.

Изборите за еднодомниот парламент на Иран ќе се одржат во петокот, 21-ви февруари. За 290-те пратенички мандати се тркаат повеќе од 7.000 политички претставници, чиишто кандидатури ги одобри Советот за заштита на уставот. Првично повеќе од 15.000 луѓе поднесоа пријава за учество на изборите, а повеќе од половината отпадна поради различни причини.