Техничкиот премиер, Оливер Спасовски денеска испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер, Олексиј Гончарук по веста за трагичната авионска несреќа.
– Со жалење ја примив веста за авионската несреќа на украинскиот „Боинг 737“ што се случи во близина на техеранскиот аеродром и во која животот го загубија повеќе од 170 лица. Од името на Владата на Република Северна Македонија и од свое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до украинскиот народ и до семејствата на настраданите, е наведено во телеграмата испратена од премиерот Спасовски до украинскиот премиер Гончарук.