„Техникал текстајл“ ја загади Брегалница

Пукнато црево на цистерна на транспортна компанија со која се пренесувала хемикалија за процесот на производство во компанијата Техникал Текстајл во ТИР зоната во Штип, е причина за вчерашната еколошка хаварија и реката Брегалница да биде обоена со густа и бела течност, објави на денешната прес-конференција градоначалникот ан Општина Штип, Благој Бочварски.

Хемикалијата се излила во кругот на фабриката а од таму во атмосферската канализација, која се слеала во каналот кој води до реката. Во непосредна близина се бунарите за вода за пиење, анализите покажуваат дека не е згадена водата во градскиот водоводен систем и не го загрозува здравјето на граѓаните.

Во текот на следните денови анализите ќе продолжат, а ќе се анализира и водата во дистрибутивната мрежа. Се уште не е познато дали се работи за токсична материја, а од локалната самоуправа не сакаа да шпекулираат додека не ги добијат резулатите од лабораторијата во Скопје. Утринава водата во реката Брегалница е чиста по вчерашната голема хаварија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.