Тековен сообраќај по влажни коловози, намалена видливост поради маглата

Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози.

Поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.