Текстилната индустрија продолжуваа со падот, сопствениците предупредуваат на масовни откази доколку не добијат помош од државата

Целосен колапс со масовно отпуштање на работниците  ѝ претстои на текстилната индустрија владата системска поддршка за поголема продуктивност во секторот и  помош за задржување на вработените за време на пандемијата владата реши да остане глува  барањата на текстилниот сектор.

Имено, во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, состојбата  е катастрофална, бидејќи според инфомрациите  капацитетите речиси воопшто не работат.

Претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Ангел Димитров кажа дека производството скоро и да е запрено и дека текстилната индустрија е пред сериозни предизвици за преживување. Тој рече дека доколку не се донесе закон за финансиска подршка на платите 20 % од вработените во текстилната индустрија ќе останат на улица.

„Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите. Ако ги добијат средствата навреме, ќе ги задржат вработените. Во спротивно, огромен број, до 20 проценти од вработените ќе останат на улица, па наместо тие да ги полнат фондовите и Буџетот, ќе бидат под Агенцијата за вработување, ќе користат финансиска помош, а потоа ќе станат социјални случаи. Затоа, ги повикувам пратениците и од власта и од опозицијата партискиот интерес да не го ставаат на прво место, туку интересот на државата, економијата и граѓаните“, потенцираше  Димитров.

Во оваа индустрија работат над 30.000 квалификувани работници, на возраст од 50 – 55 годишна возраст и дека отпуштањата силно ќе влијјаат врз зголемување на целокупната невработеност во државата.

Текстилната и индустријата за облека во вкупното индустриското производство на државата учествуваат со 12,82 отсто, вработуваат над 37.000 работници и опфаќаат околу 10 проценти од извозот на земјава и според експертите доколу власта не се заангажира посериозно за спас на оваа индустрија тогаш последиците ќе бидат катастрофални.