Tекстилни работнички од Кавадарци протетстираа – три години не можат да добијат три плати кои им ги должат

Кавадарчанката Суза Пaрговска не дочека судска разврска по тужбата против текстилната компанија Сони, во која работела.

Проблемите и го нарушиле здравјето, па ја загуби битката со болеста. Сега нејзиниот сопруг Зоран ја продолжува битката за двете плати кои фирмата не и ги неисплатила. Пред четири години и кавадаречкиот суд и скопска Апелација пресудиле во нејзина корист. Но, сега не може да си ги наплатат парите.

Во меѓувреме, нејзините седумдесеттина колешки, кои тргнале по истиот пат, го загубиле спорот. Кавадаречкиот суд пресудил против нив, оти наводно не можел да утврди дека работничките имале три неиспалтени плати. Сега тие се дури и должници и треба да плата 20 илјади евра судски трошоци за загубениот спор.

Работничките се жалат дека се измамени од сопственикот на фирмата во која работеле. Во 2019 година, пред да отиде во стечај, тој не им исплатил три плати. Според нив, фирмата добила и позајмица од познат кавадаречки бизнисмен токму за плати, но тој ни овие пари не им ги дал. Обесправените работнички денеска добија поддршка и од Гласен текстилец.

Од кавадаречкито суд ветија став во понеделник. Оттаму велат дека иако денеска повикале претставници на работничките на разговор во судот, тие не дошле да им кажат зошто протестираат.

Во изјава за МИА, адвокатот на компанијата Сони изјави дека другата страна го промашила предметот и дека сите пријави и судски одлуки биле во корист на неговиот клиент. Во меѓувреме, Зоран Парговски и седумдесетте текстични работнички ќе продолжат да ја бараат правдата низ македонските судски лавиринтги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.