Текстилните работнички на газдата му заработуваат дневно илјадници евра, а не добиваат ни минимална плата

Условите во кои работат текстилните работнички во време на здравствен криза се крајно загрижувачки како од финансиски така и од здравствен аспект, но никој од надлежните како да не сака да го види овој проблем.

Тие покрај тоа што се изложени на ризик поради корона вирусот и се платени со минимална плата, туку и од тие 14.500 денари што им ги пуштаат на сметка газдите користејќисе со старите фори им бараат да им вратат дел назад на рака.

Апсурдно е тоа што една кошула што тие ја шијат се продава и до 350 евра, тие за цел месец се плаќаат 10.000 денри. Ова за ТВ 21 го раскажа текстилна работничка кој сакала да остане анонимна.

-Кога ќе заврши процесот на изработка на кошулата и ние ја пакуваме и ставаме цена бидејќи оди за извоз. Тука имате цени од 200 евра, 250, па 300 дури и 350 евра. Значи зависи од квалитетот на кошулата. Се шијат и работни одела кои чинат многу пари. Знаеме дека овде има пари дека производството оди, а работникот ги нема ниту овие бедни 14.500 денари. Срамно, посочи текстилната работничка.

Текстилните работнички се жалат за повеќе проблеми но институциите немаат капацитет да ги решаваат истите и наместо да се почнат од некаде и да креираат легистлатива преку која овие работнички ќе се заштитат од мобингот кој повеќекратно се врши врз нив тие го игнорираат проблемот.

Еден од нивните проблеми е и тоа што газдите ги тераат овие работници без притоа да се обезбедат соодветни заштитни мерки. Класичен пример за непочитување на здравствените мерки имаше на почетокот на септември кога се појави информацијата дека матични лекари од Кочани одбивале да испратат на тестирање текстилни работнички со симптоми на КОВИД-19 и покрај тоа што доаѓале од фабрики во кои имало работнички кои биле позитивни на вирусот, а се со цел да не се крева паника и да не се затворат текстилните фабрики.

За тоа дека уште е присутно непочитувањето на мерките сведочи и тоа што во последните денови бројката на заразени со КОВИД-19 во штипските конфекции повторно почна да расте.